ВЛАДАТА Е СО КОЧАНИ ОД ПРВАТА МИНУТА ПО ТРАГЕДИЈАТА И ЗНАЕ КАКО ДА ПОМОГНЕ Филипче и Спасовски знаат само да ја политизираат несреќата, повтори Стојановски

Ние нашиот став го соопштивме и не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во Кочани во која СДСМ упорно сака да нè внесе, одговори денеска пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на потегот на опозицискиот СДСМ, кој повторно во Собранието го предложи нивниот закон за помош на настраданите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. 

179

Ние нашиот став го соопштивме и не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во Кочани во која СДСМ упорно сака да нè внесе, одговори денеска пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на потегот на опозицискиот СДСМ, кој повторно во Собранието го предложи нивниот закон за помош на настраданите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

– Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош. Нашиот план за поддршка на засегнатите е следниот: Ќе ги дуплираме средствата од Владата за помош на Општина Кочани за реализација на проекти. Водиме преговори со инвеститори да отворат капацитети во Кочани или во непосредната близина. Премиерот Христијан Мицкоски најави 2 нови инвестиции и проширување на една постоечка во близина на Кочани, со 1.000 вработувања. Ги покриваме трошоците и лекувањето и ќе продолжиме да го правиме истото. Здравствениот систем ќе биде посветен и мотивиран да им помогне на повредените – рече пратеникот Стојановски.






Аргумент дека ја политизираат трагедијата е кога ќе видите кои ликови ја соопштија веста за овој закон – Венко Филипче и Оливер Спасовски, додаде тој.

– На Спасовски му се случија Ласкарци, Беса транс, Модуларната болница, Онкологија. Никој не беше уапсен. Ниту еден. Со ниту една поднесена кривична пријава. Во меѓувреме беше два пати министер и еднаш премиер. Зошто тогаш не поднесуваше вакви закони? Оливер Спасовски да поднесе ваков закон е исто како Зоран Заев да поднесе закон за враќање на името. Или како Венко Филипче да поднесе закон за одговорност за модуларните болници. Зошто Филипче како министер не презема одговорност за овие скандали –  праша пратеникот.

Ние нема да водиме политика на овие случаи, потори тој.

– Премиерот Христијан Мицкоски остави средба со најголем дел од родителите и ќе продолжи да се сретнува. Имаме организиран и системски пристап. Никој нема да биде оставен сам. Поддршка ќе има, ама и одговорност – рече Стојановски.

Пратеникот Оливер Спасовски денеска соопшти дека повторно го поднеле предлог-законот за поддршка на настраданите во Кочани, кој власта веќе го одби.

– Денеска повторно го поднесовме предлогот, овој пат по редовна постапка. Сакаме да испратиме јасна порака дека ова не е политички закон, туку ова е човечки закон. Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена совест, морална обврска и праведна грижа кон оние кои најмногу страдаат – изјави Спасовски.

Тој додаде дека законот предвидува конкретна финансиска и здравствена поддршка за настраданите и за членовите на нивните семејства.

– Претходно законот го поднесовме во скратена постапка и не доби поддршка од мнозинството во парламентот. Ги слушнавме забелешките дека треба да има поголема прецизност, дека треба подобра проценка на фискалните импликации, дека се потребни одредени технички корекции на законското решение и токму во оваа законско решение ги опфативме сите тие забелешки. Имаме и втора можност, а тоа е во редовна постапка да се дебатира законот, да се поправи и да се доуреди, доколку за тоа има потреба, во амандманската работа. Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите надомест од 80.000 евра, додека сите оние коишто се со повреди, зависно од степенот на инвалидитетот, да се одреди и сумата што треба да ја добијат – рече пратеникот Спасовски.

Поврзани содржини