ВЛАДАТА ЌЕ КУПИ 100 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА Во план е набавка и на противпожарни возила

Најверојатно 80 амбулантни возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

270

Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

На последната седница на Владата е донесена одлука Министерството за здравство да спроведе набавка на амбулантните возила со одложено плаќање на 5 години.






– На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на 5 години. Од разговорите со министерот за здравство Азир Алиу, најверојатно 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година – рече Томовски во гостување на Сител.

Томовски посочи дека се прави исчекор во подобрување на возниот парк, со фокус на функционалноста и неопходноста, наместо на луксуз.

Тој додаде дека покрај амбулантните возила, се очекува и набавка на противпожарни возила, со цел подобрување на условите за работа на службите.

 

Поврзани содржини