ВЛАДАТА ЌЕ ДОДЕЛУВА ПО 50.000 ЛИТРИ ВОДА ДНЕВНО ЗА ГОСТИВАР Дистрибуцијата ќе се одвива на следниве пунктови

Од Владата апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање.

238

Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.

Дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:






– Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
– Градинка „Пролет“,  ул. Беличица бр. 47
– СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39
– ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
– АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
– Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,  ул. Чеде Филиповски бр. 29
– Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35

Истовремено, како што наведуваат од Владата, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба.

– Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање – велат од Владата.

Приоритет на Владата останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосното надминување на состојбата, а Владата ќе продолжи да презема сè што е потребно за обезбедување поддршка на граѓаните сè до нормализирање на состојбата.

Поврзани содржини