🎥 ЃОКОВИЌ ДАДЕ ТРИ ТРОЈКИ ОД РАЗЛИЧНИ ПОЗИЦИИ Навивач го повика да игра за Црвена звезда

233

Новак Ѓоковиќ поминува интересни денови во Њујорк по промоцијата на неговиот документарен филм.

На кошаркарски паркет тој успеа да погоди три тројки во низа од различни позиции, а видеото беше објавено и на официјалната страна на НБА.







Се очекува Ѓоковиќ вечерва да биде присутен и на финалето на Светското првенство во кое од 21:00 часот по средноевропско време ќе играат Шпанија и Аргентина.

Под видео снимката на кое Ѓоковиќ игра кошарка, еден навивач му напишал: „Дојди во Црвена звезда, брате“, на што тенисерот одговорил: „Хахаха, подготвен сум, брате!“.

Познато е дека Ѓоковиќ е голем навивач на Црвена звезда.

Поврзани содржини