КОЈ РАБОТИ, ТОЈ И ГРЕШИ Градоначалникот Ѓорѓиевски објави дека е поставен нов билборд

Жално е што поминаа два градоначалнички мандата и никој не го промени знакот 'Добредојде во Скопје', кој стоеше руиниран со години, вели Ѓорѓиевски.

630

Кој работи тој и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните. Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат! Жално е што поминаа два градоначалнички мандата и никој не го промени знакот ‘Добредојде во Скопје’, кој стоеше руиниран со години. Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува. И за да нема дилеми, корекцијата не го чини ништо Градот и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП Улици и патишта“, соопшти градоначалникот Ѓорѓиевски.






Поврзани содржини