Влада: Исцрпна јавна расправа за измените за основното образование

589

По презентацијата на нацрт – концепцијата за основно образование во Република Северна Македонија, треба да се спроведе исцрпна јавна расправа, е заедничкиот заклучок од влдината седница, информира Владата.

– Јавната расправа да се спроведе со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието, и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование, како и да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование – велат од Владата.






Од таму додаваат дека презентацијата јасно покажала дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма, како и дека новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин.

Поврзани содржини