ВИКТОР МИЗО РЕИЗБРАН Уште 2 години на чело на Асоцијацијата на странски компании

Приоритет за новото раководство ќе биде Асоцијацијата активно да учествува во процесите за унапредување на условите за водење бизнис во земјава, преку предлагање мерки и препораки за креирање најдобри можни решенија, кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој.

108

Генералниот директор на „КОСТАЛ – Македонија“, Виктор Мизо, повторно ќе ја предводи Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, откако членовите му ја дадоа довербата за нов двегодишен мандат.

Како и досега, и во наредниот период приоритет за новото раководство ќе биде Асоцијацијата активно да учествува во процесите за унапредување на условите за водење бизнис во земјава, преку предлагање мерки и препораки за креирање најдобри можни решенија, кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој.






Асоцијацијата ги презентираше реализираните активности во изминатиот период и ги разгледа клучните иницијативи и предлози, кои се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и на атрактивноста на земјава за задржување на постојните и за привлекување нови инвеститори.

На виртуелната седница беа избрани и заменици-претседатели: Боријан Борозанов од „Џонсон Мети“, Светослав Смилков од „АРЦ Аутомотив“ и Ѓорѓи Тренкоски од „Теламон“.

 

Поврзани содржини