Викендов ќе се прска против комарци
Од Градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 20.06.2020 година (сабота) и 21.06.2020 година (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин – велат од Град Скопје.
Оттаму апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.