ВИДEОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ПОДДРЖУВА СПОРТОТ Компанијата стана спонзор на ФК Аеродром 2018

Средствата од ова спонзорство ќе бидат насочени кон модернизација на објектите за тренинг и натпревари, со цел да се создаде средина во која младите спортисти ќе можат да напредуваат и да ги развиваат своите вештини.

141

Компанијата Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да ја демонстрира својата посветеност на поддршката за младите и спортот, во рамките на својата стратегија за општествена одговорност. Најновото во оваа иницијатива е спонзорството на ФК Аеродром 2018 Скопје, клуб кој се издвојува по своите млади фудбалери и амбициозните планови за развој.

Преку слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија обезбедува финансиска поддршка за подобрување на инфраструктурата и условите за тренинг на овој фудбалски клуб. Средствата од ова спонзорство ќе бидат насочени кон модернизација на објектите за тренинг и натпревари, со цел да се создаде средина во која младите спортисти ќе можат да напредуваат и да ги развиваат своите вештини.






– Силно веруваме дека ФК Аеродром 2018 ќе прерасне во клуб кој ќе создава идни таленти со кои Македонија ќе се гордее – велат од компанијата, изразувајќи надеж дека ваквите вложувања во спортот ќе поттикнат дополнителен интерес и посветеност кај младите.

Видеолотарија Касинос Австрија досега има издвоено над 205 милиони денари за поддршка на спортот, културата, образованието и медицината, истакнувајќи дека овие иницијативи имаат исклучителна важност за правилниот развој на младите генерации во земјата.

Поврзани содржини