(ВИДЕО) ЗА ТАТКОВИНАТА СМЕ СПРЕМНИ Хрватски пратеник го кажа усташкиот поздрав противејќи се на новите предложени казни

Дали сакате да го забраните поздравот? Повторувам: За домот сме спремни, извика Буљ, пензиониран офицер.

936

Предлог на хрватската Владаз за измената на законот за прекршоци против јавниот ред и мир денеска предизвика жестока расправа во Собранието. Јутарни Лист неодамна објави дека се предвидуваат казни до 4.000 евра за извикување на усташки поздрав или прикажување фашистички симболи, што е зголемување од 23 пати од досегашната казна од 70 евра.

– Погледнете колкумина од вас се собраа да го протуркаат вербалниот деликт. Кој ќе суди што е лажна вест? Го наметнавте ова и најдовте модел како да ги казните луѓето кои се бореа во ХОС(Хрватските одбранбени сили) и кои легитимно поздравуваат со поздравот „За домот сме спремни“ – рече пратеникот Мирослав Буљ, градоначалник на Сиња и пензиониран офицер.






Зборуваше и пратеникот Милорад Пуповац.

– Извикувањето на усташкиот криминален поздрав „За домот сме спремни“ за време на дискусијата во Собранието, како што тоа го направи пратеникот Буљ пред неколку минути, е сериозна навреда и повик на омраза и насилство – рече Пуповац.

Пратеникот Буљ по четири опомени од собраинскиот спикер на крајот беше исклучен од седницата.

4.000 ЕВРА КАЗНА АКО ИЗВИКАТЕ УСТАШКИ ПОЗДРАВ Хрватска драстично ги зголеми глобите за фашизам

Поврзани содржини