(ВИДЕО) МОРНИЧАВ ТАТНЕЖ, СЕ ТРЕСАТ ЗГРАДИ Силен земјотрес во Јапонија

405

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија.

Според првичните информации, земјотресот е регистриран на длабочина од 112 километри, недалеку од Сапоро во префектурата Хокаидо.






Засега нема предупредување за цунами.

На првите видеа кои кружат на социјалните мрежи, а на кои наводно се гледаат моментите по земјотресот, на островот Хокаидо се слуша силен татнеж, по што зградите почнуваат да се тресат.

Како што може да се види на видеата, од силината на земјотресот почна да пука и бетонот на улицата.

&nbsp

Поврзани содржини