(ВИДЕО) ПОЖАР ГОЛТА ОБЛАКОДЕР ВО ОАЕ Пожарникарите се борат со огнот, засега нема повредени

Според Би-Би-Си, ова не е прв пат облакодерот да биде во пламен, бидејќи истиот изгорел и во 2016 година.

200

За само неколку минути огромен пожар се прошири низ многуте катови на станбениот облакодер Тауер 02 во Ајман, а додека пожарот ги голташе катовите, жар леташе низ околните населби.

Пожар во петтиот по големина град на Обединетите Арапски Емирати избувна во вторникот вечерта, а бројни служби за итна помош и пожарникари веднаш пристигнаа на теренот за да ја локализираат огнената стихија.






Цивилната заштита на Ајман извести дека веднаш го евакуирале облакодерот и почнале да го гаснат. Пожарот бил ставен под контрола за неколку часа, а според полицијата нема жртви.

Според Би-Би-Си, ова не е прв пат облакодерот да биде во пламен, бидејќи истиот изгорел и во 2016 година.

Многу жители среде ноќ се евакуирани во хотелите во Ајман, пишува „Gulf News“.

Поврзани содржини