(ВИДЕО) ПОСИЛНИ ОД ДОЖДОТ! Младиот градоначалник на Бања Лука танцува на дождот на песна од Мајли Сајрус

За едни разиграниот градоначалникот е „цар“, за други „ вистински циркузант“. Мислењата се поделени но главно младиот градоначалник доби позитивни коментари.

1,386

Младиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, стана хит на Инстаграм откако го објави видеото како танцува на новата песна на Мајли Сајрус.

Вчера во Бања Лука се одржа карневал, на улиците имало многу танчари а еден меѓу нив бил и триесетгодишниот градоначалник кој станал и почнал да танцува на дождот.






– Посилни од дождот – пишува на објавата на Инстаграм на градоначалникот.

 

За едни разиграниот градоначалникот е „цар“, за други „ вистински циркузант“. Мислењата се поделени но воглавно младиот градоначалник доби позитивни коментари.

„Кринџ“, „Не е чудо што светот не нѐ сфаќа сериозно“, „Драшко, ти си најјак“, „Најубавиот градоначалник на Босна“, „Вистински актер“, се само дел од коментарите под неговата објава.

Поврзани содржини
na