(ВИДЕО) НЕТАНЈАХУ ВО ПАНЦИР МЕЃУ ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ГАЗА „Одиме на следната фаза“

654

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во панцир ги посети војниците стационирани на границата со Газа, а видео и фотографии се објавени на неговиот Твитер профил.

На видеото се гледа како тој им кажува на војниците дека „стигнува следната фаза“.






По невидениот напад на Хамас врз израелските цивили, Израел собра 300.000 резервисти и ги стационираше околу Газа. Натрупани се и голем број тенкови.

На жителите на градот Газа им е наредено да се евакуираат во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелската армија соопшти дека е подготвена за „координирана“ воздушна, копнена и поморска офанзива во Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија соопштение во кое наведуваат дека се подготвуваат да „спроведат широк опсег на оперативни офанзивни планови“, не наведувајќи кога тие ќе се случат.

Плановите би можеле да вклучуваат „комбинирани и координирани напади од воздух, море и копно“, се вели во соопштението. Се додава дека опремата потребна за борбата во последните денови била „префрлена на релевантните сили“.

Баталјоните и војниците на ИДФ се распоредени низ целата земја и ја зголемуваат оперативната подготвеност за следните фази од војната, со фокус на значајните копнени операции“, стои во соопштението.

 

 

 

 

Поврзани содржини