(ВИДЕО) КАДЕ Е НИКОЛА ЈОКИЌ? Србија се држи за глава поради него, а тој го слави успехот на своите коњи

Селекторот Пешиќ рече дека Јокиќ во своето објаснување му рекол „дека физички и психички не е подготвен за предизвиците на планетарниот шампионат“.

1,254

Сите зборуваат за Никола Јокиќ и српската репрезентација, а тој… центарот на Денвер минатиот викенд организираше голема прослава поради успехот што го постигнаа неговите коњи.

Јокиќ ги прослави триумфите со песната „Да сам паук“ на Ера Ојданиќ. НБА шампионот делуваше повесело додека го прославуваше овој трофеј отколку освојувањето на прстенот.






Ова се случуваше во време кога цела Србија ја чекаше неговата одлука и дали тој летово од 25 август до 10 септември на Светското првенство ќе го носи дресот на репрезентацијата.

 

Светислав Пешиќ, селекторот на српската репрезентација го објави списокот за претстојното Светско првенство кое се одржува во Јапонија, Филипини и Индонезија.

На него го нема Никола Јокиќ, најдобриот играч во финалната серија на НБА и најзаслужниот за првата титула во историјата на Денвер.

Селекторот Пешиќ рече дека Јокиќ во своето објаснување му рекол „дека физички и психички не е подготвен за предизвиците на планетарниот шампионат“.

Никола не е подготвен за репрезентативни обврски, но е подготвен да го прослави успехот на своите коњи, кои минатиот викенд му дадоа многу причини за славење и задоволство. Но овој потег на центарот ги налути Србите кои му дадоа огромна поддршка и го славеа неговиот успех со Денвер, надевајќи се дека тој со неговите игри ќе придонесе Србија од Мундобаскетот да се врати дома со медал.

Поврзани содржини