(ВИДЕО) ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ 7 ТОНИ ВОДА Изгаснат е пожарот кај Мантово

102

Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствуваше во реонот на езерото Мантово, во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш каде успешно беше изгаснат пожарот кој  настана денеска околу 14  часот, информира МВР.

„По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активира хеликоптер на МВР веднаш е постапено и хеликоптерот прецизно исфрли 7 тона вода и заедно со пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од општина Конче го изгасна пожарот“, се наведува во соопштението.






Поврзани содржини