(ВИДЕО) ЕД ШИРАН ГО ПРАШАЛЕ НА УЛИЦА ШТО РАБОТИ Одговорот на пејачот е хит!

Тиктокерот @edczhar го снимил пејачот Ед Ширан на улица во Бруклин, Њујорк и потоа го прашал што работи, а одговорот на британскиот пејач ги насмеа сите.

772

Тиктокерот @edczhar го снимил пејачот Ед Ширан на улица во Бруклин, Њујорк и потоа го прашал што работи, а одговорот на британскиот пејач ги насмеа сите.

„Стојам покрај ниски луѓе за да се чувствуваат подобро“, одговорил пејачот, додавајќи дека тој „исто така и пее“ и го поканил да му се придружи.






„Кога родителите имаат многу ниски деца и сакаат тие да се чувствуваат високи, ме најмуваат да застанам до нив и потоа изгледаат огромни“, му рекол тој и се пошегувал: „Порано бев хобит“.

 

@tedzhar What Does Ed Sheeran Do For a Living? #fyp #foryou #edsheeran #theatre #concert #music #whatdoyoudoforaliving ♬ original sound – Ted Zhar


Пејачот потоа го однел тиктокерот на сцената на театарот „Кингс“, каде што таа вечер настапил, а тиктокерот за крај прикажал снимки од концертот за кој влезниците биле распродадени.

Видеото собра 1,5 милиони прегледи, а фановите коментираа дека пејачот знае да се пошегува на своја сметка.

„Тој е толку искрена и приземна личност“, напишала една обожавателка, додека друг додал: „Ед е легенда. Треба да се занимава со комедија“.

 

Поврзани содржини