(ВИДЕО) АЛБАНСКА ПРЕСМЕТКА ЗАВРШИ СО УБИСТВО ВО СОЛУН Се обидел да го удри возачот, овој го застрелал од автомобил и побегнал

Крвавиот инцидент се случил вчера во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 пред очите на случајни минувачи.

1,595

Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси во источен Солун.

Крвавиот инцидент се случил вчера во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 пред очите на случајни минувачи.






Според очевидците, сторителот и жртвата наводно се познавале и кратко време пред убиството заедно седеле во ресторан во околината.

Како што може да се види на видеото, 50-годишниот маж се расправа со возачот од автомобил паркиран на пумпата, а потоа се обидува да го удри возачот преку совозачкиот прозорец, по што возачот пука во него со огнено оружје.

Жртвата добила најмалку три куршуми во пределот на рамото и градниот кош, а малку подоцна му подлегнал на повредите

Полицијата интензивно работи на откривање на сторителот на делото, пренесуваат грчките медиуми.

 

Поврзани содржини