„ВЕНЕЦУЕЛА ЌЕ ПЛАТИ НЕПРОЦЕНЛИВА ЦЕНА АКО НЕ ГО СТОРИ ТОА“ Трамп побара земјата да ги земе назад психијатриските пациенти и затворениците

Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од психијатриските институции, меѓу кои и од најлошите лудници во светот, што венецуелското раководство ги натерало да влезат во Соединетите Американски Држави, објави Трамп.

876

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ се закани на Венецуела дека ќе плати „непроценлива“ цена ако не прифати назад „затвореници и психијатриски пациенти“ кои, според него, венецуелското раководство ги натерало да влезат во САД.

„Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од психијатриските институции, меѓу кои и од најлошите лудници во светот, што венецуелското раководство ги натерало да влезат во Соединетите Американски Држави. Илјадници луѓе биле тешко повредени, па дури и убиени, од овие „чудовишта“. ИЗВЕДЕТЕ ГИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА, ВЕДНАШ, ИЛИ ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌАТЕ ЌЕ БИДЕ НЕПРОЦЕЛИВА!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.






Оваа порака на Трамп се очекува доплнително да ги ескалира тензиите меѓу двете земји. По наредба на претседателот на САД, неколку воени бродови се распоредени во Карипското Море со образложение дека ја спречуваат трговијата со дрога. Досега американската војска уништи два брода за кои тврди дека ги користат наркотерористи за да прошверцуваат кокаин во САД.

Претседателот на Венецела, Николас Мадуро смета дека целта на САД е дестабилизација на неговиот режим.

Поврзани содржини