ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ ПОЛНИ СО МИГРАНТИ Рекордни 1,1 милион дојденци за една година

Голем број луѓе пристигнуваат од Авганистан, Хонг Конг и Украина, на кои им е одобрено право да живеат во земјата.

94

Рекорден број луѓе мигрирале во Велика Британија изминатава година, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика. Од јуни 2021 до јуни годинава во Велика Британија пристигнале 504.000 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле земјата, со што е соборен рекордот од 390.000 од 2015 година. Во истиот период во Велика Британија мигрирале вкупно 1,1 милион луѓе.

Според Меѓународниот центар за миграција зголемувањето на бројот на мигранти е резултат на големиот број луѓе кои пристигнуваат од Авганистан, Хонг Конг и Украина, на кои им е одобрено право да живеат во земјата.






Една од причините за зголемување на бројот на мигранти е и зголемувањето на бројот на странски студенти, кои за време на пандемијата со коронавирусот студираат од далечина. Линдон наведе дека тоа е последица и на миграцијата на луѓе од семејни причини.

Британската Влада вети дека ќе го намали јазот меѓу бројот на луѓе кои се вселуваат и тие кои ја напуштаат земјата. Вкупното население на Велика Британија е околу 67,5 милиони.

Поврзани содржини