Велика Британија подготвува план за трета доза од вакцината

Експертите од Службата за јавно здравје (NHS) и познати британски лекари изјавија дека планирањето за вакцинација со третата, засилна доза, мора да започне веднаш, бидејќи „ќе се појават поголеми предизвици“.

479

Плановите за третата, есенска доза на анти-ковидна вакцина ќе бидат познати во следните неколку недели, изјави денеска министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок.

Министерот за здравство на Велика Британија рече дека владата ги чека резултатите од комбинирањето на вакцините, објави „ВВС“.






Експертите од Службата за јавно здравје (NHS) и познати британски лекари изјавија дека планирањето за вакцинација со третата, засилна доза, мора да започне веднаш, бидејќи „ќе се појават поголеми предизвици“.

Експертите велат дека треба да се одговори на голем број прашања, вклучително и колку трае имунитетот кај оригиналните вакцини за коронавирусот.

Останува прашањето дали децата треба да се вакцинираат.

– Во моментов се обидуваме да утврдиме која комбинација на вакцини е најефективна – рече Ханкок.

Различни вакцини низ Англија се комбинираат меѓу тестовите за засилување на дозата.

Висок владин функционер изјави дека Велика Британија ќе има корист од новите вакцини на компаниите „Новавакс“ и „Валнева“, кои чекаат одобрување од британското регулаторно тело за медицина.

Досега, близу 60 проценти од возрасните Британци примиле две дози на вакцина, што значи дека биле целосно вакцинирани, а повеќе од 80 проценти примиле барем една доза.

Во текстот се додава дека претходните денови луѓето брзале да примаат вакцини, а граѓаните закажале над милион вакцинации за полнолетни граѓани во петок и сабота.

Поврзани содржини