🎥 ВЕЛЕШАНИ ПОТРЧАА ПО БЕСПЛАТНИ ТАБЛИ ЈАЈЦА И НАПРАВИЈА ХАОС За еден час поделени 2.000 табли со јајца

Иако не се пријавени потешки повреди, настанот повторно го отвора прашањето за организацијата на вакви акции, особено кога станува збор за бесплатна поделба на производи, што речиси секогаш привлекува масовен интерес.

1,058

Велешани направија хаос откако компанија се обиде да им подели табли со јајца за Велигден. За еден час беа поделени  околу 2.000 табли со јајца.

Јајцата се донација на велешани кои живеат и работат во САД, односно од компанијата „Шилер“, чија дејност е камионски превоз на стока.






Настанот предизвика голем интерес кај велешани кои направија турканици за да добијат бесплатна табла јајца. Атмосферата станата бидејќи секој брзаше да земе табла. Некои од нив земаа и по две и повеќе табли.

Повикана е и полиција полицијата.

Иако не се пријавени потешки повреди, настанот повторно го отвора прашањето за организацијата на вакви акции, особено кога станува збор за бесплатна поделба на производи, што речиси секогаш привлекува масовен интерес.

Поврзани содржини