ВЕЛЕШАНЕЦ ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦИ НА ЧЕРЕПОТ ПО СООБРАЌАЈКА Излетал од патот со „голф“, пренесен е на Клинички

Со телесни повреди се здобиле и тројцата сопатници – А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. Според специјалист хирург и портпарол на Општата болница Велес, по укажаната лекарска помош, тие се пуштени на домашно лекување.

344

Млад велешанец се бори за живот откако се здобил со скршеници на черепот по тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 23 часот во населбата Шорка во Велес. Патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки излетало од коловозот на улицата „Вардарска“, при што најтешко е повреден 21-годишниот Т.Б., пренесе Дума.

– По укажаната лекарска помош во велешка болница, извршени прегледи, снимања и констатирани скршеници на черепот на пациентот Т.Б, извршен е негов итен транспорт во Скопје – изјави д-р Ванчо Граматов, специјалист хирург и портпарол на Општата болница Велес.






Со телесни повреди се здобиле и тројцата сопатници – А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. Според Граматов, по укажаната лекарска помош, тие се пуштени на домашно лекување.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници… констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес – информираше портпаролката Биљана Ѓаковска.

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.

 

Поврзани содржини