ВЕЛЕШАНЕЦ ГИ ИСТЕПАЛ СОПРУГАТА И ЌЕРКИЧКАТА Полицијата го уапсила

Велешанецот, кој ги нападнал невенчаната сопруга и нивната малолетна ќерка, бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

319

Во неделата во 11.20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсиле С. Б. (41) од Велес бидејќи во семејниот дом, по кратка расправија, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивната малолетна ќерка, информира денеска СВР Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини