ВЕГАНИТЕ СЕПАК СЕ ПОЗДРАВИ ОД ОНИЕ КОИ ЈАДАТ МЕСО Необичен експеримент тоа го потврди

Треба да се нагласи дека има вегански диети кои се особено штетни за организмот.

707

Еднојајчените близнаци Хуго и Рос Тарнер учествувале во експеримент којшто траел 12 недели. Целта била да се провери дали веганската исхрана е поздрава од онаа со месо и од производи од животинско потекло.

Притоа, Хуго почнал да следи веганска исхрана, а Рос продолжил да јаде месо.






Важно е да се каже и тоа дека тие двајца обично тренираат секој ден, пренесува Би-Би-Си.

Хуго признава дека на неговото тело му требало повеќе време да се навикне на веганството. Почувствувал потреба да јаде месо и сирење, но наместо тоа, јадел овошје и јаткасти плодови. Рос, пак, понекогаш чувствувал дека има вишок енергија, а некогаш се чувствувал уморен.

Истражувањата покажуваат дека различни видови „добри“ микроби живеат во цревата и тие произведуваат хемикалии кои му помагаат на телото да функционира. Близнаците делат од 25 до 30 отсто од вообичаените микроби, па логично е различно да реагираат на различната исхрана.

Сепак, во просек, веганите се поздрави од оние кои консумираат месо, но треба да се нагласи дека има вегански диети кои се особено штетни за организмот.

Во основа, сѐ зависи од квалитетот на храната. Овој експеримент покажа дека нма значајна разлика меѓу двата режима на исхрана.

Поврзани содржини