ВЕЧЕРВА ВО 20.30 ПОЧНУВА ГОЛЕМОТО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ Орце Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје најави дека од утре започнува со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што заслужуваат скопјани.

4,800

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот.

„Скопје, го менуваме од корен! Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив. А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, најави Ѓорѓиевски.






Тој изрази благодарност за секоја поддршка, за секој скопјанец што во него препознал искреност, посветеност и дела зад зборовите.

„Официјално, од денес Скопје испишува нова страница во својата историја. Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.

Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност. За мене поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите. И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!“, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој најави дека Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги почнуваат во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје конечно ќе биде отворен град. Почнуваме! – порача Ѓорѓиевски.

За денеска во 15 часот е планирано примопредавање на функцијата со градоначалничката Данела Арсовска.

Акцијата за чистење ќе стартува од паркингот кај спортската арена „Борис Трајковски“.

– Ќе чистиме сѐ, контејнери, помали канти кои со недели не се испразнети од ѓубре, Градскиот парк каде има куп несобрани гранки, ќе го измиеме Градскиот плоштад… и сето ова ќе биде трајна активност – рече новиот градоначалник.

 

Поврзани содржини