ВЕЧЕРВА ЌЕ ИМА ПОЧЕСНА АРТИЛЕРИСКА СТРЕЛБА Ќе се истрелаат 10 плотуни во чест на Денот на независноста

Во попладневните часови во период по 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

150

По повод 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информираат од Генералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

Поврзани содржини