ВЕЌЕ НЕМА ПРАВИЛА Франција ги укина ковид-мерките за туристите

Веќе не е потребно оние кои пристигнуваат во Франција од странство да имаат документ за вакцинација или негативен тест за ковид, а оние кои пристигнуваат од ЕУ да докажат дека неодамна прележале ковид.

134

Франција денеска ги укина правилата за влез во земјата, воведени поради пандемијата на коронавирусот, јави ДПА.

Веќе не е потребно оние кои пристигнуваат во Франција од странство да имаат документ за вакцинација или негативен тест за ковид, а оние кои пристигнуваат од ЕУ да докажат дека неодамна прележале ковид.






Доколку се појават нови опасни варијанти на вирусот, француската влада може повторно да го воведе барањето да се покаже негативен тест од патниците дури и пред да се качат во авион.

Поврзани содржини