Вдовицата на Коби Брајант наследи 200 милиони долари

Се очекува продажбата на „BodyArmor“ да достигне една милијарда долари во 2020 година.

965

Вдовицата на Коби Брајант, Ванеса ја наследи контролата врз уделот на нејзиниот покоен сопруг во компанијата за спортски пијалоци „Body Armor“, објави „Fox Business“, повикувајќи се на основачот Мајк Рипол.

Во 2013 година, Брајант купи 10% удел во компанијата за 5 милиони долари.






Во 2018 година, Рипол продаде значителен удел од акциите на „Coca-Cola“, по што вредноста на „Body Armor“ се проценува на 2 милијарди долари.

За време на трансакцијата, уделот на Брајант беше 200 милиони долари.

– Изгубив еден драг пријател. Јас изгубив брат, а „Body Armor“ го загуби основачкиот татко. Брендот никогаш немаше да постигне вакви резултати ако Коби не веруваше во тоа во 2012 и 2013 година – рече Рипол.

Се очекува продажбата на „BodyArmor“ да достигне една милијарда долари во 2020 година.

Петкратниот шампион во НБА и неговата ќерка Џиџи загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија кон крајот на јануари, заедно со седум други лица. Коби користел приватен хеликоптер уште додека играше во Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ја заврши кариерата во 2016 година. Учествувал во Ол-стар натпревар 18 пати (17 по ред), петпати ја освои НБА лигата и двапати беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија. Во текот на својата кариера од 1996 до 2016 година, Брајант 20 години играше за „езерџиите“.

Поврзани содржини