Важен совет од лекарите: Ова е добар начин да се заштитите од коронавирусот!
Ако носите контактни леќи, додава тој, заборавете ги на одредено време и вратете им се на очилата за вид.
Кога заразениот пациент од коронавирусот кашла, кива или зборува, капките од неговата уста можат да завршат кај други лица, а тоа значи дека инфекцијата може да се прошири. Но, на она последно што предупредуваат лекарите е фактот дека пациентите со Ковид-19 можат да ја пренесат својата болест и преку своите солзи, пишува Новости.
Па така, објаснуваат медицинарите, инфекцијата може да ја префатите и доколку допрете предмет на кој се наоѓа вирусот, а потоа си и добрете очите или устата.
Како да се заштитите?
– Важно е да имате на ум дека и покрај тоа што постои голема паника поради ширењето на коронавирусот во светот, сепак мерките на претпазливост би можеле во колема мера да го намалат ризикот од инфекција. Затоа, задолжително е секој ден по неколку пати детално да ги миете рацете, да ја одржувате хигиената и да избегнувате контакт со носот, устата, ушите и очите – вели офтамологот Сонал Тули, портпарол на Американската академија за офтамологија.
Ако носите контактни леќи, додава тој, заборавете ги на одредено време и вратете им се на очилата за вид.
– Луѓето кои употребуваат контактни леќи си ги допираат очите почесто од луѓето кои не носат леќи. Подобро е да носите очила за вид, особено ако имате навика често да ги допирате очите. На овој начин можете да ја намалите иритацијата и да се одвикнете од спонтаното допирање или триење на очите. Очилата за вид, па дури и оние за сонце, можат да ви ги заштитат очите од инфекцијата Ковид-19, но тоа не значи дека 100 процентно ве штитат од заразата. Вирусот може да дојде во контакт со вашите очи доколку допре на самата рамка од очилата – објаснува Тули.