ВАН ГАЛ БОЛЕДУВА ОД РАК НА ПРОСТАТА Селекторот на холандската репрезентација почнал со лекување

217

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, сподели со јавноста во телевизиско гостување дека боледува од рак на простата.

Гостувајќи во емисија на холандска телевизија РТЛ, 70-годишниот Ван Гал рече дека веќе почнал со лекување и оти тоа го криел од своите играчи. Тој додаде дека семејството и блиските пријатели знаеле за тоа и им изрази благодарност што веста не ја откриле во јавноста.






– Секој пат морав ноќе да одам во болница за играчите да не дознаат. Тие ги гледаа моите румени образи и мислеа дека сум здрав. Но, не сум. Не сакав да им кажам за тоа да не влијае врз нивната игра и- зјави Ван Гал.

Холандскиот селектор наведе дека досега имал 25 терапии и додаде дека станува збор за „агресивна форма“ на болеста.

Ван Гал на крајот од оваа година треба да ја предводи Холандија на Светското првенство во Катар.

Холандија против Сенегал ќе игра на отворањето на Мундијалот, во рамки на групата А во која се и домаќинот Катар и Еквадор.

Поврзани содржини