Валјак смачка 1.069 компјутери „копачи“ на биткоин (ВИДЕО)
Копањето биткоин во светот троши повеќе електрична енергија од цела Аргентина и, за возврат, генерира повеќе емисии на јаглерод секоја година отколку Чешката Република. Неодамна, и во Македонија, во скопската населба Ѓорче Петров полицијата приведе копач на биткоин и заплени седум негови „мајнер“ компјутери, со кои крадел струја од соседството.
Дури 1.069 машини опремени за копање биткоини кои украле струја вредна 2 милиони долари беа смачкани со валјак од полицијата во државата Саравак во Малезија, пишува IFL Science. Опремата вредна 1,25 милиони долари запленета меѓу февруари и април годинава е само дел од огромниот број машини кои секојдневно прават прекини во снабдувањето во оваа земја.
Погледнете го видеото од „смачкувањето“.
Какви се овие машини за копање? Тоа се делови од куќишта од компјутери, најчесто процесори, врзувани еден со друг во низа, заради добивање поголема моќност. Рударите со своите компјутери решаваат комплицирани криптографски загатки, а за овој напор наградени се со крипто-валута, во случајов – биткоин. Овој „доказ за работа“ во форма на криптографски знак кој го пресметува вашиот процесор го бараат сите криптовалути.
Но, криптографските загатки вклучени во рударството станаа сè посложени и потешки за решавање. Повеќе компјутерска моќ, повеќе електрична енергија. Пред десет години, софтверот за рударство можеше среќно да оперира на компјутер во едно домаќинство, но сега тој бара огромни количини на компјутерска моќ за да направи каква било вредна награда. Згора на тоа, на некои копачи на биткоин им е потребна електрична енергија за да ги разладат бесно разработените компјутери.
Како дојде до тоа Малезија, заедно со Русија, Иран, Казахстан и САД да бидат први во копањето биткоин? Пред две години, прва беше Кина. Дури 75 отсто од целата рударска активност беше во земјата на фиктивниот Сатоши Накамото. Но, Кина беше доволно смела да забрани какво било тргување со криптовалути, во сите провинции и во сите банки. Така, копањето полека се префрли во други земји.
Од оваа година, копањето биткоин во светот троши повеќе електрична енергија од цела Аргентина и, за возврат, генерира повеќе емисии на јаглерод секоја година отколку Чешката Република. Неодамна, и во Македонија, во скопската населба Ѓорче Петров полицијата приведе копач на биткоин и заплени седум негови компјутери „мајнери“ (рудари), со кои најверојатно крадел струја од неговите соседи.
Македонците во моментов заработуваат и по 600 евра месечно од Биткоин, а како заработуваат 100.000 евра за 5 години можете да прочитате во интервјуто со експертот Дарко Симуновски.