Јужна Кореја соопшти дека е во екот на вториот бран на епидемијата

198

Јужнокорејските здравствени власти денеска за првпат соопштија дека се на средина на вториот бран на епидемијата на коронавирусот кој потекнува од празниците во мај.

Корејските центри за контрола и превенција на болести (КЦДЦ) претходно објавија дека првиот бран на епидемијата на коронавирусот во Јужна Кореја всушност никогаш не завршил.






Директорот на КЦДЦ Џеонг Еун-Кјеонг рече дека станало јасно оти празничниот викенд на почетокот на мај го означува почетокот на нов бран зарази, кои најмногу се појавија во поширокото подрачје на Сеул.

Поврзани содржини