УТРОВО ИЗГОРЕЛЕ 3 ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ Пожарот избувнал во „голф“ па зафатил „форд“ и „пежо“

Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Нема повредени во инцидентот.

369

Три возила изгореле во Скопје рано утрово, соопшти полицијата.

Денеска (15.07.2025) во 04.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Петар Ацев, во скопската населба Мичурин, настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(43) од Скопје.






Возилото било целосно изгорено, а зафатени биле и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ѓ.(51) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Т.(55) од Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Нема повредени во инцидентот.

Поврзани содржини