ПОПЛАДНЕ ПАК НЕВРЕМЕ Дожд, силен ветер и град

1,020

Утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне особено во западниот и во  северниот дел ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за изолирана појава на град.






Температурата ќе се движи од 10 до 26 степени.

Во среда условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

 

Поврзани содржини