УТРЕ ОД 11 ДО 12 ЧАСОТ НЕ ВОЗЕТЕ ПО ОВИЕ УЛИЦИ Ќе се одржува ревијалната трка „Вози право, вози здраво“

827

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре, 02.06.2024 од 11.00 до 12.00 часот, поради одржување ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците.

Притоа, стартната позиција на трката е од Порта „Македонија“, десно вдолж улиците Димитрие Чупоски, десно по Васил Главинов, право по булеврот ВМРО, лево по булеварот Илинден до крстосницата со улицата Наум Наумовски Борче– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.






СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

Поврзани содржини