УТРЕ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН Посебен режим на сообраќај ќе има по овие улици

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

174

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 14 мај, во периодот од 09.00 до 12.00 часот, поради натпревар „Триоги Триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по одредени сообраќајници во Скопје.

– Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно – известуваат од МВР.






Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани содржини