СДСМ три години со ред со своите лаги и никаква реална активност успеа да го загрози во целост статусот на Охридскиот регион во светското наследство под заштита на УНЕСКО! И по последниот извештај се гледа дека ништо не е превземено ниту пак состојбата е подобрена. ВМРО-ДПМНЕ бара итно превземање одговорност за овој светски скандал, односно оставки на ресорните министри и раководни лица од оваа несовесна влада – рече на прес конференција Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.
Во својот последен извештај Мисијата на УНЕСКО препорачува „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“, засега единственото добро од Македонија впишано на листата на УНЕСКО за Светско наследство во 1979/80, да биде ставено на УНЕСКО-вата листа на Светско наследство во опасност.
– И покрај тоа што ова е трета ваква препорака, владата во 4 години ја избегнуваше нејзината реализација, и само се потпираше на политичко додворување. Заклучоците од последниот извештај на УНЕСКО упатуваат на фактите дека:
Нема никава промена во состојбата од 2017 година и посочените забелешки и препораки. Во Извештајот од 2019 година дури се укажува на фактот дека на увид се дадени истите документи од 2017 година.
Наместо спроведување и справување со дивоградбите, и тоа не само покрај брегот на езерото туку и во старото градско јадро, градежната мафија и понатаму царува во Охрид и Струга.
Наместо подобрување на состојбата со природното богатсво особено проблемот со Студенчишко блато, патеката сеуште е затворена, бетонирана, со што се нарушува биосферата на едно од најважните точки на Охридското езеро.
Проблемот со еколошките катастрофи, дивите депонии, немање никаква свесност на локалната самоуправа, а со тоа и кај локалното население, како и многу други факти и реални состојби.
Најголемите забелешки се однесуваат на продолжувањето на проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје, а евидентни се и значајните проблеми со менаџирањето и неспроведувањето на законската рамка, и уште многу други забелешки од многуте причини во досега најобемниот и најлошиот извештај на мисијата на УНЕСКО.
Може да се каже дека природното и културното богатство на Охридскиот регион ќе се стави на листата на Свестко наследство во опасност – рече Љутков.
Тој објаснува дека листата на Светското наследство во опасност е создадена со цел да ја афирмира меѓународната заедница за загрозувачките фактори на едно добро кое е впишано на листата на светското наследство. Причини кои може да доведат до ваква состојба може да бидат: вооружен конфликт или војна, земјотрес или други природни катастрофи, загадување, вандализирање и ограбување, неконтролирана урбанизација и неконтролиран туристички развој.
– Со оглед на тоа дека Охрискиот регион е загрозен само и единствено од човечкиот фактор, односно од лошото менаџирање, неспроведување на законски регулативи, загадување и многу други кои се во целост предизвикани од несоодветното работење на надлежните институции, ставањето на природното и културното богатство на Охридскиот регион на УНЕСКО-вата листа на светско наследство во опасност ќе ја информира целата меѓународна зедница дека власта во Македонија претставува најголемата опасност и закана за Охридскиот регион. И покрај сите предупредувања, пролонгирање на рокови и неколкукратно укажување на итноста на состојбите од страна на УНЕСКО, надлежните институции за спроведување на сите стратешки и акциски планови кои се однесуваат на заштита на соодветно одржување на универзалните вредности на Охридскиот регион не направија ништо – констатира Љутков.
Тој наброја дека на оваа листа се наоѓаат раководните лица и органи од Министерството за култура, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски, општините Охрид, Струга и Дебарца, Завод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид, НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга, Национален парк – Галичица и Институ за хидробиологија – Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ бара итно превземање одговорност за овој светски скандал, односно оставки на ресорните министри и раководни лица од оваа несовесна влада.