УСТАВНИОТ СУД ГИ СТАВА ПО СОМНЕЖ ОДРЕДБИТЕ ЗА ПОПИСОТ Започната постапка по оспорените делови од Методологијата

Оспорените одредби се однесуваат на овластувањата на директорот на Државниот завод за статистика, кој, како што се наведува, можеби ги пречекорил своите надлежности. Судот укажува на можноста дека овие одредби се донесени без соодветен законски основ, преку подзаконски акт кој уредува законска материја.

1,264

Уставниот суд на Република Македонија со мнозинство гласови одлучи да започне постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија од 2021 година. Според соопштението од Судот, мнозинството судии ги ставиле под сомнеж овие одредби, поради сомнеж во нивната законитост и уставност.

Оспорените одредби се однесуваат на овластувањата на директорот на Државниот завод за статистика, кој, како што се наведува, можеби ги пречекорил своите надлежности. Судот укажува на можноста дека овие одредби се донесени без соодветен законски основ, преку подзаконски акт кој уредува законска материја. Во втората фаза на постапката, ако се потврдат сомнежите, тоа ќе претставува повреда на правната сигурност како основен принцип на владеењето на правото, како и нарушување на начелото на поделба на власта.






Подносителот на иницијативата, Скендер Реџепи, истакнува дека во Методологијата се наведени категории на населението, како што се „вкупно резидентно население” и „вкупно нерезидентно население”, кои не се предвидени во Законот за попис на населението. Тој смета дека директорот на Заводот за статистика не имал право да создава нови категории без законска основа.

– Со овие одредби се нарушува владеењето на правото, што води до правна несигурност – истакнува Реџепи.

Тој додава дека се повредува и принципот на еднаквост на граѓаните, бидејќи се создава ситуација во која правата на граѓаните се ограничени само поради тоа што не се наоѓаат во државата за време на пописот, вклучувајќи го и правото на вработување.

Поврзани содржини