Успеале да го направат невозможното: Во Кина изграден станбен блок на 10 ката за неверојатни 29 часа (ФОТО)

661

Кинеските градители успеале во нешто за што секој би помислил дека е невозможно – изградиле станбен блок на 10 ката за само 29 часа.

Ваквото брзо градење е направено во „најкраток период кога било досега“, оцениле програмерите. Зградата е изградена во кинескиот град Чангша.






Кинеската градежна компанија сметала дека вообичаениот период од една година за изградба на 10-катен станбен блок едноставно не одговара на нивната временска рамка, па избрале многу побрза опција и го изградиле за нешто повеќе од еден ден.

Снимките со временските интервали покажуваат како голема група градежни работници и три кранови ја довршуваат високата зграда наречена „Жива зграда“ за само 28 часа и 45 минути.

Тие успеале во наизглед невозможниот подвид со составување на мали модуларни целини кои биле однапред изградени во фабрика. Единиците кои биле со големина на транспортни контејнери и изработени од не’рѓосувачки челик, биле пренесени со камиони до градилиштето.

Дигалките биле користени за подигнување на единиците и местење една врз друга, додека работниците брзо работеле на тоа да ги наместат на свое место. По завршувањето на основната конструкција, биле инсталирани вода и електрична енергија.

Видеото го прикажува завршениот станбен блок кој е наместен и има едноставни бели ѕидови и дрвени подови. Компанијата тврди дека подовите се 100 пати поцврсти од конвенционалните подни плочи бидејќи се изработени од не’рѓосувачки челик.

Групата градежници во 2012 година претставила контроверзни планови за изградба на облакодер од 220 ката со помош на вакви модуларни единици за само 7 месеци. Сепак, изградбата никогаш не била завршена поради загриженоста за безбедноста и неодобрување од страна на властите.


Foto: Printscreen YT/Broad Group/Tviter

Поврзани содржини