Уште едно урнебесно видео од кампањата на Вучиќ: Викенд во Грција?
Просечно српско семејство слуша на радио дека претстојниот викенд ќе биде со пеколни температури, па решава да оди во Грција на море за да се разлади.
Уште едно урнебесно видео од изборната кампања на српскиот претседател Александар Вучиќ стана вистински хит на социјалните мрежи.
Просечно српско семејство слуша на радио дека претстојниот викенд ќе биде со пеколни температури, па решава да оди во Грција на море за да се разлади. Но, да не е многу пат? Секако дека не! Сега Србија и Грција ги поврзува нов автопат.