УШТЕ ЕДНА ЗАГУБА ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА Почина нејзината најдобра пријателка
Кралицата Елизабета Втора моментално доживува уште една голема загуба.
Само неколку месеци откако почина принцот Филип, кралицата Елизабета остана без уште една блиска личност. Британските медиуми пишуваат дека на 101 година починала нејзината најблиска пријателка, војвотката од Графтон, Ен Форчн ФицРој.
Ен работела за кралицата Елизабета од нејзиното крунисување во 1953 година на местото гардероберка задолжена за грижата за облеката на кралицата и накитот. Војвотката подготвувала разни државни работи и политички состаноци за кралицата.
Кралицата и војвотката сите овие години биле многу блиски, што го покажува и податокот дека кралицата била кума на втората ќерка на Ен – Вирџинија ФицРој во 1954 година. За да ѝ оддаде почест на војвотката, кралицата во 1980 година ја одликувала со престижен орден Dame Grand Cross Royal Victorian, кој ѝ бил доделен за заслугите за служењето на суверен.
Ен е родена во 1920 година, а за 11. војвода од Графтон Хју ФицРој се омажила во 1946 година. Инаку, војвотката и нејзиниот сопруг имаа вкупно пет деца – два сина и три ќерки.