📽️ УНИШТЕНО БМВ, ИСКРШЕНИ ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА Бркотница во Њукасл заврши катастрофално, пет лица се во болница
Драматичната потера се случила ноќта меѓу вторникот и средата околу 2 часот и 30 минути, а автопатот потоа долго бил затворен во двата правци, откако при потера по бегалецот дошло до страотен судир на полициски возила со БМВ-то по кое трагале.
Полициска потера по БМВ заврши катастрофално, пет лица се пренесени во болница со тешки повреди, откако бркотница на автопат кај Њукасл опасно тргна наопаку и резултираше со искршени пет полициски возила, објави Дејли Мејл.
Драматичната потера се случила ноќта меѓу вторникот и средата околу 2 часот и 30 минути, а автопатот потоа долго бил затворен во двата правци, откако при потера по бегалецот дошло до страотен судир на полициски возила со БМВ-то по кое трагале.
Според информациите, при полициска потера дошло до страшен судир меѓу БМВ-то и полициско возило, при што патролното возило останало без покривот и трите врати, кои прелетувале по сите ленти на автопатот.
Засега не е познато што точно тргнало наопаку. Луѓето кои живеат во областа само велат дека рано утринава ги дочекал хаос.
– Никогаш не сме виделе вакво нешто во нашите животи, бевме во шок – велат мештаните откако ги виделе сцените по несреќата.
Според британските медиуми, пет лица се пренесени во болници со многу тешки повреди. Полицијата сѐ уште врши увид на лице место, по што најверојатно ќе бидат отстранети остатоците од уништените автомобили, како и расфрланите парчиња стакло и пластика од патот.
– Ме разбуди звук на хеликоптер нешто пред 3 часот по полноќ, а потоа сфатив дека е полициски хеликоптер. Ги кренав ролетните и ги видов ротирачките светла на возилата на брзата помош и полицијата беше насекаде – сведочеше една жена која живее крај автопатот.
Таа вели дека била свесна дека се случило нешто сериозно, но дека не ни поимала дека несреќата била толку погубна.
Што и претходело на драматичната бркотница и кој точно бил повреден во несреќата сѐ уште не се знае. Од Итната помош соопштија дека повикот го примиле во 02:29 часот и дека на лице место излегле пет медицински екипи, од кои две екипи за одговор при катастрофи.
Сите надлежни служби, од полицијата до противпожарната служба, можеа само да потврдат дека дошло до несреќа во која учествувале повеќе возила. Меѓутоа, што точно се случило засега е мистерија.