УНИКАТЕН НАЧИН ЗА ЗБОГУВАЊЕ ОД САКАНАТА ЛИЧНОСТ Неговиот потег нема да ве остави рамнодушни (ВИДЕО)

Фармерот Бен поради ковид-мерките не можеше да се збогува од својата тетка, ниту да присуствува на нејзиниот погреб.

1,438

Австралискиот фармер Бен Џексон не можеше да се збогува со својата сакана личност поради пандемијата и мерките што се во сила во таа земја.

Неговата тетка Деби загуби двегодишната битка со ракот во Квинсленд, а тој беше 400 километри подалеку во Нов Јужен Велс и не можеше да се збогува со неа или да биде на нејзиниот погреб.






Сепак, Бен одлучи да се збогува со својата сакана тетка на необичен начин. Тој положи сено на ливадата во облик на големо срце, а потоа пушти стотици негови овци да го пасат, па и тие формираа облик на срце.

Тој сѐ сними со дрон, а видеото го сподели на социјалните мрежи.

– Немаше шанси да стигнам таму и да ја видам, да ја поздравам или да одам на погреб – рече тој за Би-Би-Си.

Поврзани содржини