УКРАЛЕ СЕФ СО ПАРИ ОД ФИРМА ЗА БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ Ги фатиле, а парите ги вратиле

16

Двајца крадци украле сеф со пари од фирма за брз трансфер на пари во Скопје.

Како што соопшти полицијата, на 22.05.2026 околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје.






Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на улицата Козара на подрачјето на Центар во Скопје.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини