УКРАЛ ДОНАЦИЈА ЗА БОЛНО ДЕТЕ Приведен е 19-годишен кавадарчанец

282

Лишен е од слобода млад кавадарчанец, кој се сомничел дека одземал пари од црква и украл донација за болно дете, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

„Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.О.(19) од овој град, затоа што тој од верски објект (црква) во Кавадарци со употреба на алат и сила, од касетите во објектот одземал пари и кутија во која имало пари за донација на болно дете“, соопштија од СВР Велес.






Оттаму додадоа дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе била поднесена соодветена пријава.

Поврзани содржини