УКРАИНСКА ГРАНАТА ПАДНАЛА НА 10 МЕТРИ ОД НУКЛЕАРЕН КОНТЕЈНЕР Експлозии во Николаев и Одеса, битки во Харков

Едноставно кажано, тоа би било валкана (атомска) бомба, рече Рогов во интервју за ТВ каналот Соловjов Лајв.

1,017

Украинска граната експлодирала на десет метри од контејнер полн со нуклеарен отпад во централата Запорожје, изјави Владимир Рогов, член на Советот на воено-граѓанската управа на регионот Запорожје. Според него останатите гранати паднале на оддалеченост од 50 до 200 метри, пренесува Б92.

– Бидејќи просторот за складирање е отворен, експлозија на граната или ракета би можела да ги отпечати контејнерите со стотици килограми нуклеарен отпад, кој би продолжил да се шири и да ја загадува околината. Едноставно кажано, тоа би било валкана (атомска) бомба – рече Рогов во интервју за ТВ каналот Соловjов Лајв.






Денеска е сто седумдесет и петтиот ден од војната во Украина. Тензијата во Запорожје и обвинувањата за тоа кој гранатира продолжуваат. По детонацијата на муниција во складиште во Џанкој на северот на Крим, воведен е регионален режим на вонредна состојба. Борби се водат и низ Донбас.

Гутереш на средба со Зеленски и со Ердоган

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш утре, в четврток, ќе отпатува во украинскиот град Лавов, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави портпаролот на ОН.

Естонија нема да им дава визи на Русите

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да им го отежнат влезот на Русите во ЕУ.

Тројца повредени во ракетен истрел во Одеса

Три лица се повредени во ракетните напади на руските сили врз областа Одеса, соопшти шефот на регионалната администрација Сергеј Братчук. Тој изјавил дека две ракети погодиле еден од рекреативните центри и потоа избил пожар, пренесува Интерфакс Украина.

Оштетени се и неколку приватни згради во близина.

Експлозии во Николаев

Руските сили синоќа извршија силно гранатирање на Николаев, соопшти градоначалникот Александар Сенкевич. Тој изјавил дека силни експлозии одекнале во различни делови на градот и ги повикал граѓаните да останат во засолништа, пренесува Укринформ.

Сенкевич прецизираше дека биле погодени цивилни објекти и оштетени станбени згради.

 Првиот брод со украинско жито пристигна во Сирија

 Првиот брод што отплови од Украина според договорот за продолжување на извозот на жито од таа земја, пристигна денеска во сирискиот пристанишен град Тартус, иако Киев ги прекина дипломатските односи со Дамаск, јавува АП, повикувајќи се на сателитски снимки.

Бродот „Разони“, под знамето на Сиера Леоне, исплови од украинското пристаниште Одеса на 1 август во согласност со постигнатиот договор за извоз на жито, но не стигна до Либан како што беше планирано.

Инаку Сирија веќе има добиено украинско жито запленето од територијата што Русија ја окупираше кога договор за извоз не постоеше, а Украина ја обвинуваше Русија дека тргува со нејзините жита.

Поврзани содржини