УКРАИНА ГИ ПОВЛЕКУВА ВОЈНИЦИТЕ ОД КФОР Вкупно 40 припадници на украинските сили ќе се упатат на домашниот фронт

Во март, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет за повлекување на украинските мировни сили од сите мировни мисии во светот за одбрана на земјата по рускиот напад.

492

Украина ги повлекува војниците кои учествуваат во мировната мисија на КФОР, соопшти денеска Здружената команда на вооружените сили на Украина.

Во соопштението се додава дека „враќањето на националниот контингент значи привремено суспендирање на нивното учество во мисијата на КФОР“ и дека во моментов се преземаат мерки за нивно враќање во земјата.






Во составот на КФОР има 40 украински војници.

Во март, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет за повлекување на украинските мировни сили од сите мировни мисии во светот за одбрана на земјата по рускиот напад.

Поврзани содржини