УКИНУВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН ЌЕ ЗНАЧИ ПОСКАПА РЕГИСТРАЦИЈА Целта е да се избегнат нови трошоци за граѓаните, порача Димитриеска Кочоска

Граѓаните не ги интересира укинување на зелениот картон, затоа што тоа би значело дека би плаќале поголема регистрација, бидејќи во таа регистрација би бил вклучен и зелениот картон, независно од тоа дали ја напуштате државата или не, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

883

Укинувањето на зелениот картон ќе значи поголеми давачки на граѓаните при регистрација.

На ова укажа во синоќешното гостување на ТВ 21 министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека укинувањето на зелениот картон не е цел, затоа што такво нешто ќе значи и поголеми давачки при регистрација.






– Граѓаните не ги интересира укинување на зелениот картон, затоа што тоа би значело дека би плаќале поголема регистрација, бидејќи во таа регистрација би бил вклучен и зелениот картон, независно од тоа дали ја напуштате државата или не. А, целта на Министерството е да ги заштити граѓаните од дополнителни давачки. Затоа бараме идеално решение со кое ќе бидат задоволни и граѓаните и осигурителните компании – изјави министерката.

Поврзани содржини