УЕФА отвори истрага против Арнаутовиќ

Дисциплинскиот правилник на УЕФА предвидува минимална казна од 10 натпревари доколку фудбалер биде прогласен за виновен за навреди на расна и етничка основа

354

УЕФА денеска почна истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради вербалниот инцидент што фудбалерот со српско потекло го предизвика во финишот од неделниот натпревар против македонскиот национален тим во рамки на ЕУРО2020.

Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка на барање на Фудбалската федерација на Македонија, која вчера изрази остра осуда на инцидентот и побара максимална казна за австрискиот репрезентативец.






Вербалниот инцидент се случи во 89. минута од натпреварот непосредно откако Арнаутовиќ го постигна третиот гол во победата на австриската репрезентација од 3:1 по што упати вербални навреди кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Дисциплинскиот правилник на УЕФА предвидува минимална казна од 10 натпревари доколку фудбалер биде прогласен за виновен за навреди на расна и етничка основа.

Поврзани содржини